Американскиот технолошки гигант „Apple“ на традиционалната есенска презентација во седиштето во Купертино ја претстави новата линија од четирите модели на новиот паметен телефон iPhone 12, која ги содржи и варијантите iPhone 12 mini, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max, и како што се очекуваше една од главните карактеристики на моделот е поддршката на петтата генерација од мобилните мрежи 5G.
Паметниот уред доби OLED екран, наместо досегашните LCD дисплеи на најскапите модели, и нова ултрасилна заштита со стаклото Ceramic Shield. Разликата ја забележуваат само експерите, но OLED екраните имаат уште една предност: тие вообичаени, како и новите процесори, имаат потреба од помалку енергија.
Зголемена до 120 Hz фреквенцијата на замав, како и кај многу топ-модели кои работата на оперативниот ситем Android, кај новите уреди на „Apple“ нема да има. Тоа би ја направило сликата помазна, но би ја зголемило потрошувачката на енергијата. Покрај тоа, iPhone 12 е за 11 отсто потенок, и за 15 отсто помал и полесен од претходната линија, а потрошувачката на енергија е намалена за 30 отсто.
Дизајнот на новиот модел е малку изменет. Рабовите, како во времето на iPhone 4 и iPhone 5 се рамни откако изминатите години беа заоблени, а намалена е и дебелината на уредот. Дијагоналите на екранот се од 13,8 сантиметри кај iPhone 12 mini, 15,5 сантиметри кај „12-ката“ и iPhone 12 Pro, до 17 сантиметри кај iPhone 12 Prо Max.
Како и кај неговите претходници, и кај iPhone 12 е вградена двојна камера, додека кај , iPhone 12 Pro Max има и трета камера за телефото снимање. „Apple“ исто така ја презентира и новата функција Smart HDR 3, која овозможува снимање наспроти извор на светлина. Исто така, беше кажано и дека обновената камера ќе го подобри режимот на ноќно снимање. Покрај тоа, новите паметни телефони на „Apple“ ќе го имаат новиот режим Apple ProRAW, кој обезбедува повеќе опции за професионална обработка на фотографиите.
Пакетот е идентичен за сите нови модели и невообичаено оскуден: нема полнач и слушали EarPods. Од „Apple“ го објаснија тоа со фактот дека во светот веќе има две милијарди брендирани полначи, како и дека се грижат за природата. Единствениот додаток е кабелот со приклучок Lightning на едниот и USB-C на другиот крај. Друга карактеристика на линијата е што е опремена со магнетски конектор, така што сега уредот може да се полни со помош на футрола за безжично полнење со магнет.
Конечно во iPhone ќе се појави 5G модемот, но во овој случај 5G e генеричко име за двонасочната врска. Првиот дава мала предност во однос на 4G, додека вториот лесно го попречува сигналот. Новите паметни телефони работата само во првиот опсег, под 6 GHz.
Уредот iPhone 12 mini е помалиот модел со алуминиумско тело малку поголемо отколку кај iPhone SE, но помало од iPhone 8. Опремен е со две задни камери, широкоаголна и ултраширокаолаголна, односно во кадарот влегува повеќе простор, се јавува ефектот „рибјо око“. Постојат три варијанти со 64, 128 или 256 GB меморија, и може да се набави во црна, бела, црвена, сина и зелена боја.
Моделот iPhone 12 Pro има исти димензии како и iPhone 12, но рамот на телото не е направен од алуминиум, туку од челик, а капакот е исто така од стакло. Кај него е инсталирана уште една задна камера со двократен оптички зум и ласерски сензор што го одредува растојанието до објектите во кадарот. Овој сензор помага при ноќно снимање и во апликации со дополнителна реалност. Тој претходно се појави во iPadPro. И овој модел има три различни големини на складирање податоци, 128, 256 и 512 GB, а ќе биде понуден во златна, сребрена, графитна и сина боја.
Моделот iPhone 12 Pro Max, главно е идентичен со iPhone 12 Pro, но освен поголемиот екран има и трета камера со 2,5 кратен оптички зум.
Традиционалната септемвриска презентација на „Apple“ на новите модели на iPhone беше одложена годинава за октомври. Во септември компанијата ги претстави новите модели на уредите Apple Watch и iPad. Медиумите, исто така, објавија дека третата есенска презентација е планирана во ноември.