Претставничкиот дом на САД го поддржа укинувањето на статусот „најповластена нација“ за Русија

Дочниот дом на американскиот парламент Конгесот во четвртокот со големо мнозинство го поддржа законот за укинување на трговскиот статус „најповластена нација“ за Русија и Белорусија поради руската воена операција во Украина, со што се создава простор за наметнување повисоки царини за увозот на стоки од двете земји.

Претставничкиот дом го поддржа со 424 гласови „за“ и осум „против“ укинувањето на статусот Трајни нормални трговски односи (PNTR) за Русија и Белорусија.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден вети дека ќе ги укине привилегиите коишто Русија ги ужива како членка на Светската трговска организација (СТО – WTO), а а тоа му е потребно одобрување од Конгресот.

Одлуката на Претставничкиот дом треба сега да го потврди и Сенатот. Претседателот на тесното демократско мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека сенаторите набрзо ќе ја донесат споменатата одлука.

Укинувањето на трговскиот статус ќе ѝ овозможи на администрацијата на Бајден да наметне поголеми царини на рускиот и белорускиот увоз од моменталните, односно над нивото кое Вашингтон им го вети на сите земји членки на СТО по доголгодишните тензии во оваа организации и војни со наметнувања меѓусебни царини, во прв ред со Кина и ЕУ.

Републиканската конгресменка Викторија Спарц, родена во Украина, изјави дека е важно одлуката да важи и за Белорусија, која е сојузник на Русија. „Не можеме да создадема дупка во законот којашто би ја корител (рускиот претседател Владимир) Путин и преку Русија би провлекувал пари“, порача Спарц.