Претставник од Кувајт: Еве зошто не примаме сириски бегалци

Претставник од Кувајт, Фахад Ал Шалами изјави дека неговата земја заедно со Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати немаат намера да прифаќаат сириски бегалци.

Ние сме премногу вредни за да ги примиме. Отворени сме само за работници. А и онака Кувајт е прескуп за нив. Подобро им е да одат во Либан или во Турција, таму е поевтино, вели Ал Шалами во интервју за Франс 24.

Како да не бил доволно јасен, ал Шалами додал:

Не е во ред да прифаќаме луѓе што се поинакви од нас. Ние во нашата земја несакаме луѓе што патат од внатрешен стрес и траума, заклучи овој претставник од Кувајт.