Претставникот на Фондацијата Кондрад Аденауер во Македонија, Јоханес Реј се заблагодари на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ како и на партијата за коорганизирањето на вчерашната Регионална политичка академија за млади.
На првиот ден од академијата присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Реј го интерпретираше присуството на Мицкоски како израз на добра волја за сите партнери во регионот на фондацијата. Тој истакна дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одсекогаш биле верен партнер на Кондрад Аденауер, сестринската партија, германската ЦДУ и ЕПП.
Реј потенцираше дека целата конзервативна фамилоја во Европа гледа со ентузијазам на соработката со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи силна опозиција во една држава е важна за да се подобри перформансот на власта.
Целата конзервативна фамилија со ентузијазам гледа на соработката со вас. Во демократија силна опозиција е потребна да се подобри перфомансот на Владата. Така што може да сметате на нас, но не не заборавајте кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт, вели Реј.