„Преврат“ во Киев очекува Захарова по посетата на Нуланд

Појавувањето на влијателната американска дипломатка Викторија Нуланд во Киев не е случајно и можно е повторно да започне „дворски преврат“, изјави во четвртокот портпаролката руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Нуланд во неделата се сретна со украинскиот претседател Володомир Зеленски и со други високи украински функционери во Киев за да искаже поддршка во моментите кога, како што рече американската потсекретарка, Русија се обидува да ја уништи енергетската инфраструктурата на Украина.

„Американската потсекретарка г-ѓа Нуланд го посети Киев на 4-ти декември. Инспекциските посети на американските покровители на Украина повеќе не изненадуваат никого, тоа е нормално: доаѓате да проверите како е таму, има ли уште оган или се потребни уште дрвца… Гледаме дека ги привлекува местото на злосторството“, рече Захарова на брифингот за новинарите.

Ја опиша притоа Нуланд како „буревесникот на трагичните потреси“ за Киев, алудирајќи ја клучната улога на високата американска дипломатка во времето на мајданскиот преврат во 2014 година, кога беше со поддршка на западните земјите беше соборена власта на проруските партии и претседателот Виктор Јанукович токму во моментот кога тој во договор со европските дипломати се согласи на реформи во Украина и стивнување на безредијата која ја зафатија земјата.

„Нејзиното појавување во Киев во сегашните услови, кога се влошуваат несогласувањата во украинските владејачки кругови околу распределбата на помошта од Западот, се разбира, не е случајно. Не е исклучено повторно да започне преврат или кадровска реконструкција (на киевската власт). Мислам дека режимот на Зеленски, кој неколкупати го тестираше трпението на Вашингтон, има причина да се замисли“, додаде Захарова без податоци или поединости кои ќе го поткрепат нејзиното тврдење.

Потсети дека фигурата на Нуланд тесно се поврзува со ткн Евромајданот „кој пред светската заедница беше претставен како сигнали за демократските процеси во Украина, а всушност беше државен удар организиран со парите и рацете“ на Западот.

„Во прв ред, се разбира, зад тоа стојат САД и оние земји и политички сили на европскиот континент коишто дејствуваат единствено со САД … Тогаш Вашингтон отворено се мешаше во внатрешните работи на Украина и едноставно своерачно ги контролираше масовните протести“ во 2014-та, додаде Захарова.