Презентација и предавање на Стеларк во Музејот на современата уметност

„Контигентни и дискуталбилни иднини: од физичко до фантомско тело“ е темата на предавањето што денеска во Музејот на Современата Уметност во Скопје ќе го одржи Стеларк, еден од најзначајните уметници во светот кој работи во сферата на технологијата и визуелната уметност.

Како дел од предавањето, Стеларк визуелно ќе прикаже и дел од неговите проекти.

Преку користење различни медицински инструменти, протези, роботика, системи за виртуелна реалност, интернет и биотехнологија, Стеларк произведува нивни непосредни и спонтани поврзувања со самото тело. Прави истражувања на „алтернативни анатомски архитектури“ кои подразбираат зголемувања и издолжувања на различни телесни конструкции.

Стеларк ги има изведено перформансите Трета дланка, Продолжена рака, Виртуелна рака, Стомачна скулптура и Екоскелт, како и Робот со шест нозе. Неговите перформанси, Фрактално месо, Звучно тело и Паразит се однесуваат на спонтани, управувани од дистанца разнообразни движења на телото преку електрична стимулација на мускулите. Делото Протетичка глава е телесна направа, која зборува и одговара на прашања од соговорник. Конечно, Стеларк хируршки конструира Трето уво на неговата рака за да биде поврзано и оспособено како акустичен орган за комуникација.