Во Центарот за обука при МВР во Идризово почна процесот на селекција, во повеќе фази, на пријавените кандидати за полициски службеници по последниот објавен јавен оглас од 6 јуни годинава.
-На јавниот оглас се пријавија вкупно 1.867 кандидати, од кои 1.482 се мажи, 385 се жени, факт што доволно говори за позитивниот имиџ на нашето Министерството и меѓу младите, истакна министерот Оливер Спасовски.
Од овие на 1.867 пријавени кандидати треба да бидат избрани 600 идни полицајци кои треба да поминат едукација во три образовни циклуси во траење од четири месеци, како што налага наставната програма. Со овие лица ќе МВР ќе склучи договори за вработување на работната позиција приправник полицаец со обврска најмалку пет години да работи во служба на МВР.