При Брегзит без договор Велика Британија ќе губи 57,3 милијарди евра годишно

При Брекзит без договор Велика Британија ќе губи по 57,3 милијарди евра годишно од националното богатство или околу по 900 евра на човек, покажува истражувањето на германската фондација Бертелсман, цитирана од светските агенции.

Загубите на Европската унија ќе изнесуваат 40,4 милијарди евра годишно.

Брекзитот може сериозно да ги поткопа темелите на најголемата економска зона во светот и Брисел и Лондон мора да сторат сé што е во нивна моќ за да постигнат договор, коментира Арт де Гос, претседател на германската фондација.

Останатите земји кои би биле најмногу погодени од Брегзит без договор се Германија, која ќе изгуби 9,5 милијарди евра годишно, а Франција 7,73 милијарди евра. Ниту една земја од ЕУ нема да биде поштедена од негативниот ефект, но Малта ќе губи по 31 милиони евра, а Кипар – по 42 милиони евра годишно, бидејќи овие две земји ќе договорат подобри услови при излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Италија ќе загуби 4 милијарди евра, пренесува ДПА.