Валастите именувани од Киев на пристанишниот град Мариупол кој е под контрола на проруските и руските сили, во петокот обвинија дека Русија наводно го прекршила триденвниот прекин на огнот коешто го прогласи самото руско министерство за одрбана за време на операцијата за евакуација на цивили од металуршката фабрика „Азовстал“.
Според нив, руски војници отвориле оган врз автомобил кој одел кон фабриката за да ги евакуира цивилите. Во престрелката загинал претставник на украинските сили. Повредени се шест лица.
„Непријателот продолжува да ги прекршува сите договори“, се вели во соопштението објавено од украински власти .
Русија сѐ уште не ја коментираше изјавата. Таа тврди дека нејзините сили не стрелале врз цивили и предложи привремен прекин на огнот за да може да се евакуираат цивилите стационирани во „Азовстал“.