Прибак: Игравме пет минути добро, десет лошо –така неможе да се победи

Денес игравме пет минути добро, десет лошо, така не може да се победи,  изјави репрезентативецотр Немања Прибак по натпреварот со Белорусија.

По поразот од Белорусија во последниот натпревар на Европското првенство во Полска, Македонија го заврши настапот без ниту една победа и со тоа завршува на 11.место на овој шампионат.

По слабата претстава против Белорусија видливо беше разочарувањето на сите репрезентативци, а натурализираниот Македонец Немања Прибак изјави дека со толку големи осцилации во играта не може да се стигне до победа.

Не може да се каже дека немавме жар. Мора да се види натпреварот на видео, да се види каде грешевме. Секако дека многу осцилиравме во формата, и на овој меч, и на целото Европско првенство. Тоа ни се случува секој меч и нѐ чинеше многу. Денес игравме пет минути добро, десет лошо, така не може да се победи,  изјави Прибак по натпреварот.