Шефовите на министерствата за енергетика на Црна Гора и на Албанија го наведоа преоптоварувањето на системот поради екстремно високите температури како причина за испаѓањето на електроенергетските системи во петокот во Црна Гора, Босна и Херцеговина и големи делови од Хрватска и Албанија. Дистрибуцијата на електрична енергија е поврзана низ целиот Балкан, а Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје останаа без струја во петокот рано попладне.
Црногорскиот министер за енергетика изјави дека прекинот на снабдувањето е предизвикан од наглото зголемување на потрошувачката на електрична енергија предизвикано од високите температури и термичкото преоптоварување на самиот систем.
„Ова само се чекаше да се случи во оваа горештина“, изјави за Reuters, Гентијана, 24-годишна студентка во црногорската престолнина Подгорица. Температурите достигнаа 40 степени Целзиусови низ Југоисточна Европа.
Напојувањето и Wi-Fi беа исклучени од околу 13 часот, изјавија официјални лица и корисници на социјалните мрежи. Добавувачите во четирите земји рекоа дека почнале да го обновуваат снабдувањето до средината на попладневните часови и дека напојувањето главно било обновено до вечерта.
На почетокот на прекинот на струјата, исклучувањето на семафорите предизвикаа застој во главниот град на БиХ, Сараево и како и поголемите градови Бања Лука и Мостар.
Многу луѓе останаа без вода во Подгорица бидејќи пумпите престанаа да работат, известија локалните власти. Во туристичките продавници беа исклучени клима уредите, а сладоледот се топеше.
Автомобили запреа и во хрватскиот приморски град Сплит, објави државната TV HRT. Сирените за итни случаи се огласија низ градот, се додава.
„Дефектот настана како резултат на големо оптоварување на мрежата, нагло зголемување на потрошувачката на електрична енергија поради високата температура и самите високи температури“, изјави црногорскиот министер за енергетика Саша Мујовиќ во телевизиски пренос.
@Експертите сè уште се обидуваат да утврдат од каде потекнува дефектот“, додаде тој.
Црногорската телевизија ТВ Вијести објави дека е забележан пожар на далновод од 400 KW во нерамната област долж границата со Босна и Херцеговина, иако засега не е јасно дали тоа би можело да биде причина за прекин на системот или е некако поврзано со него. Во извештајот се цитираат неименувани извори во компанијата за пренос на електрична енергија ЦГЕС за која се вели дека ќе бидат потребни хеликоптери за пристап до локацијата.
Албанската министерка за енергетика Белинда Балуку рече дека има дефект во интерконекторот меѓу Албанија и Грција и дека слушнала за слични околности во Црна Гора и делови од Хрватска и БиХ. За целосна истрага би било потребно време, но раната анализа сугерира дека „големите количини на енергија во преносниот систем во овој момент и многу високите температури на рекордно ниво го создадоа овој технички проблем“, додаде Балуку во видео обраќањето. Напојувањето беше вратено во Албанија во рок од половина час, но земјата и натаму е изложена на висок ризик од дополнителни прекини, бидејќи потрошувачката на струја и нивото на топлина остануваат високи, рече таа.
Промените во снабдувањето со енергија во регионот ги затегнаа преносните системи, велат претставниците на индустријата.
Земјите од Западен Балкан доживеаја бум во инвестициите во сончевата енергија, со намера да се ублажи енергетската криза која го загрози оддалечувањето од јагленот.
Инфраструктурата, сепак, не е подготвена за нови извори на енергија, изјави за Reuters во април минатата година претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Македонија, Марко Бисломовски и други чинители од индустријата.