Прием на Мојсоски и Миркуловски во АМС

Миркуловски: Бод посветен на нашиот најголем Тоше

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ќе организира прием за репрезентативците Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски.

Мојсоски и Миркуловски синоќа го одиграа последниот натпревар за македонската ракометна репрезентација и достојно со победа и со пласман на СП во Франција 2017-тата година се простија од националниот дрес.