Пригожин: Борците на Вагнер се повлекуваат од Бахмут на 10 мај

Сопственикот и водач на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин денеска изјави дека неговите сили ќе го напуштат украинскиот град Бахмут на 10 мај.

„Во име на борците на Вагнер, во име на командата на Вагнер, изјавувам дека на 10 мај 2023 година ќе бидеме обврзани да ги пренесеме нашите позиции во населбата Бахмут на единиците на министерството за одбрана и да ги повлечеме остатоците од логистичките логори на Вагнер за да можеме да закрепнеме. Ги повлекувам единиците на Вангер од Бахмут бидејќи е бесмислено тие да умираат во отсуство на муниција“, рече Пригожин.

Тој посочи дека откако војниците ќе закрепнат, повторно ќе бидат подготвени за одбрана на Русија.

„Рускиот народ може да смета на нас“.

„Ројтерс“ потсетува дека од минатото лето, формацијата „Вагнер“ ги предводи обидите на руската армија да го заземе Бахмут, градот кој беше сцена на најдолгите и, како што се наведува, најкрвавите битки во војната во Украина.