
Полицијата привела прилепчанец, осомничен дека сексуално злоставувал малолетничка, информираше МВР.
Случајот во полицијата вчера го го пријавила А.Х., мајка на девојчето. Според неа, нејзината 11 годишна ќерка звачера околу 9 часот отишла на гости кај нејзината другарка.
Таму таткото на другарката, Р.Ч. (39) извршил полови дејствија врз девојчето. Полицијата го привела Р.Ч., бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.