Во вторникот доцна ноќта околу 23м50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на улицата „Димо Нареднико“, 43-годишниот З.Б: од прилеп управувајќи велосипед удрил во паркирано патничко возило „пежо 206“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот 46-годишен сограѓанин Д.К. од Прилеп.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.