Четириесет и едногодишниот прилепчанец Н.Ј. и Е.А. (34) добија кривична пријава за злоупотреба на безвизниот режим.
Во периодот од јули до август 2014 година, Н.Ј. во три наврати организирал превоз на лица од Македонија со цел да добијат азил во Германија. Имено, три семејства од Прилеп преку Е.А. на која и исплатиле по 1.000 евра, контактирале со првопријавениот на интернет, кој престојувал во Германија. Инаку, лицата се откриени на излез од Македонија на ГП „Александар Велики“.