Американската поп ѕвезда Принц бил лекуван во болница поради прекумерна колична дрога, една недела пред неговата смрт, тврди американскиот сајт „TMZ“.
Неколку извори во Молин ни кажаа дека Принц е префрлен во болница и дека лекарите му дале „спасувачка инјекција“, која обично се дава за да се неутрализира дејството на опојните дроги, наведува „TMZ“.
„Знаеме дека властите во Минесота се обидуваат во Молин да дојдат до болнички информации за да се утврди причината за неговата смрт.
|
Принц (57) почина вчера во својот дом. Истрагата за неговата смрт е во тек, а денеска ќе се изврши и аутопсија на неговото тело.
Починатиот американски музичар во лифтот на неговиот дом го пронашле помошниците на шерифот кои биле повикани во неговиот дом во предградието на Минеаполис, Чанхасен, соопштиле американските власти. Шерифот на округот, Карвер Џим Олсон изјавил дека неговите заменици одговориле на повикот околу 9.43 часот наутро по локално време, дека медицинскиот персонал се обидел да го реанимира пејачот, но не успеале да го повратат 57-годишниот Принц. Во краткото соопштение на шерифот е наведено дека во тек е истрагата за околностите на неговата смрт.