Принцот Хари и семејството ќе ги поминat божиќните празници во Канада

Британскиот принц Хари и неговото семејство ќе ги поминат божиќните празници во Канада, соопштија од неговиот кабинет.

Со други зборови, тоа значи и дека принцот Хари, неговата сопруга, војвотката од Сасекс, Меган, и нивниот седуммесечен син Арчи ќе ја пропуштат традиционалната божиќна прослава кај краицата Елизабета Втора на имотот во Сандригем.

Лицата за односи со јавност од палатата потврдина синоќа дека семејството на принцот Хари во Канада, ама не дадо дополнителни детали, пренесува АП.

Принцот Хари беше чест посетител на Канада, а и војвотката од Сасекс живееше неколку години таму, пред да стане член на кралското семејство, додека ја снимаше серијата „Двете лица на правдата“.

Канадскииот премиер Џастин Трудо на твитер му посака добредојде на семејството на принцот Хари, посакувајќи им „мирен и благословен престој“ во Канада.