Името на 28-от претседател на САД, во периодот од 1913 до 1921 година, Вудроу Вилсон, поради неговите ставови за сегрегацијата во американското општество е острането од називите на факултет и колеџ на Пристонскиот универзитет, во сојузната држава Њу Џерси.
Ректорот на универзитетот Кростофер Ајсгрубер во саботата информирал дека оваа одлука била донесена по состанокот на Советот при Управниот одбор на 26-ти јуни.
„Советот дојде до заклучокот дека расистичките ставови и политики на Вилсон го прават неговото име несоодветно за Факултетот за општествени и меѓународни односи и студентскиот дом на колеџот, чиј наставен кадар, студентите и дипломците треба да се спротистават на расизмот во сите негови манифестацции“, изјави Ајсгрубер.
Ректорот признава дека за некои можеби ваката одлука ќе биде премногу груба, бидејќи токму Вилсон го „претвори Принстон од зачмаен колеџ во водечки истражувачки универзитет“.
„Достигнувањата во истражувањата, наставата со акцент на самостојното учење и многуте други области коишто го одликуваат современиот Принстон, на многу начини беа резултат на главната улога што ја одигра Вилсон. Тој стана претседател (на САД) и лауреат на Нобеловата награда за мир“, додаде Ајсгрубер.
Отсега во називите на Факултетот за општествени и меѓународни односи ќе се користи зборот „Принстон“. Зградата на колеџот, пак, ќе биде наречена „прва“. Како што појасни ректорот, тој објект навистина е првиот во кампусот на Принстон во кој бил сместувани студентите.
Принстонскиот универзитет е дел од ткн Бршленовата лига ( The Ivy League), асоцијацијата на осум приватни американски универзитети во седум сојузни држави на североистокот на САД, наречени според разгранетите бршлени раширени на нивните стари згради, а кои се одликуваат со особено високо квалитетно образование, а која во почетокот имала споретско значење.
За сегрегацијата на Вилсон
Универзитетскиот совет и одборот на помагатели (финансиери) првпат разговараа за оваа идеја откако група студенти активисти го заземаа кабинетот на ректорот во ноември 2015 година. Во април 2016 одина советот на помагателите препорача низа реформи „насочени кон зголемувањето на инклузивноста“ на Принстон, воздржувајќи се тогаш од какви било преименувања.
Од гледна точка на Ајсгрубер, расизмот на Вилсон, кој ја извршувал рекорската функција на овој универзитет во периодот од 1902 до 1910 година пред да биде избран за претседател на САД, бил „длабок и полн со последици, дури и според стандардите на тие времиња“.
Вудро Вилсон е обвинуван за ставовите со кои ја оправдувал сегрегацијата на службениците во агенциите на федералната влада. Весникот The New York Times цитира енда наводна негова фраза од периодот кога бил претседател на средба во Овалниот кабинет на Белата куќа со активистот за човекови прва Монро Тротер: „Сегрегацијата не е понижувачка, туку е придобивка, а вие господа треба да постапувате така“.
Претходно и славните британски универзитети Оксфорд и Кембриџ започнаа со отстранување на обележјата на значајни личности од нивната историја и мецени, чии имиња се доведуваат во врска со колонијализмот и трговијата со робови од Африка.
Новиот бран на справување и уривање на споменици и обележја кои се поврзани со личности и политичари поврзани со минатото на САД започна во атмосферата на масовните протести по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд на 25-ти мај во Минеаполис. Протестите прераснаа во безредија, масовни грабежи и вандализам, а по извесно време кога мнението на јавноста ги стави под сомнеж ваквите немири поврзани со антирасистичките немири, започнаа акциите за вандализирање на спомен-обележјата во чест на водачите на Конфедерацијата која ги обединувала јужните држави кои го задржале робовладетелскиот систем во текот на Американската граѓанска војна (1861-1965). Покрај тоа урнати беа и спомениците на италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо, кој се смета за откривач на Америка, како и статуата на првиот американски претседатл Џорџ Вашингтон во Портланд, во сојузната држава Орегон.
Ваквите активности се прелеаја и во Европа, особено во Велика Британија и Белгија, каде што беа вандализирани и уништени споменици на личности поврзани со колонијалното минато и трговијата со робје.