Присилното раселување протера повеќе од милион луѓе од Рафах

Присилното раселување протера повеќе од еден милион луѓе од градот Рафах на југот од палестинската енклава Појасот Газа, соопшти во понеделникот Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (UNRWA).

Малиот град на јужниот раб на Појасот Газа, кој пред војната имаше околу 300.000 жители, стана засолниште за околу милион ипол Палестинци, или повеќе од половината од 2,4-милионското на селение на тесната енклава, разорена во израелските напади врз другите делови на енклавата, според хуманитарните организации.

Од почетокот на мај, израелската војска спроведува копнена операција во Рафах проследена и со артилериски и воздушни удари, во насотјувањата, како што тврди Израел, наводно да го уништи исламистичкото движење Хамас и да ја разбие инфраструктурата што ја користи палестинската милитантна група која управува со Газа.

Израелската армија им порача на цивилите да одат во „проширена хуманитарна зона“ на околу 20 километри. Меѓутоа, светките новински агенции и меѓународните набљудувачи укажуваат дека Израел потоа ги гаѓа тикму тие зони кои им ги посочува за евакуација на бегалците како безбедни. Многу Палестинци се пожалија дека се изложени на израелски напади каде и да одат, и се движат по Појасот Газа во последните месеци.

Од UNRWA соопшти дека илјадници семејства сега се засолниле во оштетените и уништени објекти во градот Кан Јунис, каде што агенцијата обезбедува основни услуги и покрај „сè поголемите предизвици“. „Условите се неописливи“, додаваат од агенцијата.