Преку Јапонската амбасада е добиен лекот „фавипиравир“ (авиган) со кој се лекува инфлуенца но дава добри резултати и при лекување на ковид-19, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
-.Добивме количини за лекување на 100 пациенти. Тој има добри резултати во Јапонија, но не е регистриран за ковид-19 – рече Филипче.
Тој се заблагодари на јапонската амбасада во Скопје, која како што рече се ангажирала дел од донацијата наменета за повеќе земји да заврши во земјава.