Притвор за малолетник за вoоружен грабеж на аптека на Бит пазар

Во понеделникот вечерта околу 19,30 часот на подрачје на скопски Бит пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит пазар е лишен од слобода малолетник од Скопје, кој извршил кривично дело „разбојништво“ казниво по чл. 237 од Кривичниот законик, кога во аптека во Скопје со закана со остар предмет ја нападнал вработената и одзел пари.

Разбојникот е приведен и поднесена е кривична пријава и од страна на судија му е изречена мерка притвор, по што е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје. Парите се вратени на оштетената.