![tomor morina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/tomor-morina.jpg?resize=640%2C639&ssl=1)
Кривичниот суд во Скопје му одредил притвор на поранешниот член на ,,Ослободителната војска на Косово”, Томор Морина, кој беше уапсен на граничниот премин Блаце врз основа на потерница од српскиот суд.
Од судот велат дека станува збор за краткотраен притвор, а повеќе детали најавуваат за утре. Адвокатот на Морина, Насер Рауфи пак вели дека добиле решение за ектрадиционене притвор во траење од 30 дена и најави жалба.
Од судот велат дека притворот е одреден поради екстрадиција по распишана потерница од Интерпол Србија…
Србија најавува дека ќе ги испрати потребните документи за барањето, а Косово пак уште вчера побара негово ослободување, со образложение дека потерницата е со лажни аргументи.
Морина беше уапсен вчера, а по судската одлука, конечниот збор за екстрадицијата ќе го има Министерството за правда.
Сепак, ваквата одлука денеска имаше одек и на собраниската седница посветена на пратеничките прашања. Пратеникот и координатор на ДУИ Ејуп Аљими за одлуката за екстрадиционенен притвор на Томор Морина, директно муи се обрати на премиерот Зоран Заев, истакнувајќи дека се срами што гласал за конституирање на оваа Влада. „Јас сум иритиран од последниот случај кој што се случи, кога беше приведен бивш воијник на УЧК и колку нашата држава го почитува меѓународното право. На барање на Србија се бара еден граѓанин на Косово и со самиот факт што тој не е граѓанин на Србија, а ние го признавме Косово, покажува дека министерството за внатрешни не ги почитува сите правни норми во нашата земја.
До кога вака. Доколку се оди со вакви практики да се приведува за секое барање кое го направила соседната држава за сите војни кои се случиле во 90-тите години и кои што нашата земја примила над милион избеглицили и трошела средства. Доколку сите сме фокусирани дека нашата земја ќе оди кон ЕУ и НАТО, со овие праткики се враќаме во 1999-та година и барањата на Милошевиќ, тие не се веќе во сила. Би ве замолил да превземете мерки додека не е доцна“, рече Алими.
„Владеењето на правото и почитувањето на меѓународни укази и правила е норматив, европска вредност која и вие и јас и сите се залагаме. Потерницата е стигната од Интерпол, не е ниту од Вучиќ или Милошевиќ. Од Интерпол каде сме членка и каде сме гласале и Косово да биде членка, без разлика што Србија е против. Постапките ги води надлежен обвинител и за нив одлучува надлежен судија, ниту ги води Заев, ниту Спасовски, ниту Агим Нухиу, ниту кој било од Владата“, рече Заев и додаде:
„За да можете вака да покажувате со прст, мора прво да знаете кој води постапки и кој одлучува. Второ кој е законот и владеењето на правото и трето што значи почитување на меѓународните закони и правила. Праксата досега покажала во вакви случаи, вклучително и премиерот Рамуш Харадинај, на меѓународни потреници каде било во земјите членки и земјите што се членки на ЕУ, а го признале Косово тие постапуваат по меѓународното право. Правосудството и во Австрија и во Северна Македонија и во Грција, и во Британија носи одлуки за екстрадиционен притвор. За време на одлуката на екстрадиционен притвор надлежните институции одлучуваат за правото на екстрадиција или не. Во тоа право јасно стои дека тој е граѓанин на Косово, а не е граѓанин на Србија и се ослободува од притвор и не се прави екстрадиција. Тоа е меѓународното право“.