Од МВР соопштуваат дека попладнево е приведен Горан Стојков, поранешен командант на расформираната единица „Лавови“
На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на бул.”Србија” во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а со адреса на живеење во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен Суд-Скопје 1 вв чл.353 ст.3 од КЗ на РСМ, за казна затвор од една година. Лицето е предадено во КПУ Затвор Скопје-Скопје за издржување на казната.
Горан Стојков, поранешниот полициски генерал беше пуштен од затвор во 2016 година. Тој во случајот „Шпион“ беше осуден на 9 години затвор, а со пресуда на Апелацискиот суд казната му беше намалена на 3 години и 3 месеци затвор. Казната во целост ја отслужи.