Државјанин на Албанија е приведен на граничниот премин „Јажинце“, откако било утврдено дека се наоѓа на листата со мерка „апси“.
„Вчера во 10.30 часот на Граничен премин „Јажинце“од слобода бил лишен В.Д.(41) од Р.Албанија, затоа што што при пасошка контрола било утврдено дека бил предмет на потрага и се наоѓа на листата со мерка „задржи“. В.Д. бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка“, информираат од МВР.