Приведен бегалец од затворот во Струмица

Денеска (16.07.2023) на подрачје на Центар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Е.А.(20) од Штип.

Тој бил баран врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради бегство од установата.

Е.А. бил осуден на казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет месеци од казната.

Исто така, тој бил баран поради сомнение дека на подрачје на Чаир извршил други дела по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.