Приведен битолчанец, при претрес најдени кокаин и марихуана

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле во петокот од слобода 26-гоишниот битолчанец И.С., поради постеоње основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти МВР.

По добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом, други простори и возила кои ги користи И.С., при што биле пронајдени и одземени 16 пакувања кокаин, две пакувања марихуана, електронска вага, предмети со траги од кокаин и пари, се наведува во соопштението на Министерството.

За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Битола, до каде против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик