Во средата утрото од страна на полициски службеници од ОВР Гевгелија лишен од слобода е 44-годишниот Ј.Н. од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
По претходно обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и помошни простории каде живее Ј.Н. во Гевгелија, при што биле пронајдени и одземени листови од канабис сатива во фаза на сушење, машинка за дробење, 7 пакувања хероин, два боеви куршуми од 7,9мм калибар и засадени растенија канабис сатива, информира МВР.
Ј.Н. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок