Приведен дилер од Струга

Во саботата ноќта, малку пред полноќ, во СВР Охрид бил уапсен 34-годишниот С.К. од Струга, осомничен за растурање наркотици.

При претрес претходно извршен по судска наредба, полициските службеници, кај него, како и во две соби во хотел лоциран на булеварот „Туристичка“, што привремено ги користел, пронашле капсули и предмети со остатоци од бела прашкаста материја, дигитална вага како и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.