Приведен дилер од Свети Николе

Во вторникот околу 10.40 часот во Свети Николе, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода 34-годишниот Т.А. од Свети Николе, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава