![Zatvor-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/Zatvor-1.jpg?resize=590%2C393&ssl=1)
Вчера во 21.10 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин – СВР Тетово, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, го привеле Ф.О.(33) од с.Желино за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.