6.8 C
Skopje
понеделник, декември 2, 2024

Приведен крадец на територија на Бит Пазар

Полициски службеници од ПС Бит Пазар денеска на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје го лишиле од слобода И.Б. (55) од Скопје поради извршено кривично дело тешка кражба по чл.236 од Кривичниот законик на РСМ, сторено на 15.07.2022, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Извршен е службен разговор и приведениот во целост го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. Одземеното е вратено на оштетениот, а против И.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, информираат од МВР.