Приведен криминалец баран со потерница

На 26.10.2023 околу 17 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишија од слобода И.С. (52) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една ипол година, а во врска со член 131 од КЗ на РСМ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.