Приведен криумчар кај кого се пронајдени 15 мигранти, шест о днив биле деца.
„На 25.11.2024 во 04.00 часот кај с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.
При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници“, информира МВР.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.