На 29.09.2020 околу 19.30 часот Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опојни материи при МВР, во соработка со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово околу 18.30 часот ја лишиле од слобода 45-годишната В.Р. од Тетово, дилерка на кокаин, се вели во полицискиот билтен.
„При извршен личен преглед кај неа биле пронајдени 14 паковки со кокаин, подготвени за продажба, а при претреси во нејзиниот дом во Тетово и во објект во центарот на Тетово, во кој пријавената работела, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени кокаин и бела прашкаста материја, кои ги продавала и додека била на работното место. В.Р. е задржана во Полициска станица Тетово и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок“, наведено е во соопштението.