Приведени активисти на СДСМ во Битола за делење пари (ФОТО)

Приведени тројца активисти на СДСМ во Битола кои делеле пари за да поткупуваат гласови во битолската населба „Баирот“, пишува Република.

Република, стигна и до фотографија од активиститите на СДСМ кои биле пријавени од граѓаните.

Полицијата ги привела, но дали ќе одговараат за ова кривично дело, останува да видиме. Според пријави на граѓаните до „Република“, денеска низ Битола низ текот на целиот ден циркулирале возила на полициската единица „Алфа“, а во секое од возилата имало по еден активист на СДСМ.

До порталот пристигнале и фотографии, на кои се гледаат возилата.