Во неделата вечерата околу 21,30 часот на регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода 34-годишнио Б.С. и 36-годишниот Д.Н., и двајцата од Прилеп.
При преглед во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над три килограма марихуана и автоматска пушка со празна рамка.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министертво за внатрешни работи.