Приведени Кинезите кои со сатр бркаа човек – актерот Милан Тоциновски

Вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое две лица (маж и жена) бркаат со сатар еден човек низ ТЦ Лептокарија, вест што ја пренесоа поголем дел од медиумите. Денеска за Плусинфо за целата случка сведочи актерот Милан Тоциновски кој всушнос бил човекот што го бркале овие двајца.

Вели дека го пријавил настанот во полиција и очекува да биде повикан да даде искаж за целиот настан.

Според пријавата, нападот уследил по недоразбирање во врска со нарачка на храна.

Како што информираат од МВР, еден од кинеските државјани со остар предмет се обидел да го нападне скопјанецот, а другото лице фрлало по него со различни предмети.

По преземени мерки, Кинезите биле приведени во полициската станица во Карпош и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.