СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М (22), Т.Е.(22) и М.М.(21) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение дека дека првопријавениот М.М. сторил 12 казнени дела од кои една “разбојничка кражба”, десет “тешки кражби” и една “кражба” додека второпријавените Т.Е. и М.М.(21) сториле 12 казнени дела „помагање“.
Првопријавениот иако имал определена мерка „куќен притвор“, го напуштил својот дом во Скопје и во текот на минатиот месец, во Охрид и околните населени места, заедно со другите двајца ги извршиле казнените дела.
Тој, со употреба на физичка сила, со нож и друг подесен алат насилно отворал влезните врати и прозорците, влегувал во повеќе станови и куќи, вршел пребарување и одземал пари, златен накит, фото апарати и други вредни предмети. Второ и трето пријавениот му обезбедувале непреченост во извршувањето на тешките кражби.
Од извршените казнени дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 180.000 денари.