Приведените за нападот на полицискиот службеник во Ѓорче Петров се од Косово

Полицијата ги привела  Б.В.(40) и И.Л.(38), двајцата од Косово како осомничени за нападот на полицискиот службеник кој се случи синоќа на кружниот тек во населба Ѓорче Петров.

Како што е соопштено, вчера во 19 часот е пронајдено возилото „голф“ од кое  е стрелано во полицискиот службеник З.Р.

Полицискиот службеник има повреди во ногата и е на лекување во Градската општа „8-ми Септември”.

По целосно документирање и расчистување на случајот полицијата најавува дека  ќе поднесе соодветна пријава.