На 22.07.2021 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Ш.М.(33) од Куманово за издржување на казна затвор.
Тој бил осуден за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик – „насилство“. Ш.М. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.