Приврзаниците на ал-Садр упаднаа во владината зграда во багдатската Зелена зона

Приврзаниците на Моктада ал-Садр, влијателниот ирачки шиитски верски водач, политичар и водач на паравоената формација која се бореше против ултраисламистичка сунитска организација Исламска држава, во понеделникот упаднаа во владината зграда во Багдад, во која се наоѓа канцеларијата на премиерот, пренесуваат агенциите повикувајќи се на очевидци.

Набрзо откако ал-Садр на социјалните мрежи објави дека се повлекува од политиката критикувајќи го шиитските политички водачи, бидејќи не ги послушаа неговите повици да спроведат реформи, неговите симпатизери се упатиле кон добро обезбедуваната багдадска Зелена зона во која се наоѓаат владините згради и странските дипломатски мисии.

Очевидците велат дека демонстрантите, приврзаници на ал-Садр, прво ги отстраниле бетонски препреки за што во поголем број да можат да влезат во Зелената зона, и покрај силната присутност на безбедносните сили. Некои од нив носеле фотографии на ал-Садр, а други скандирале „Народот сака да го собори режимот“.

Ирачката војска на подрачјето на целиот Багдад прогласи полициски час кој стапи на сила во 15,30 часот по локално време, но тоа не ги одвратиле приврзаниците на ал-Садр да протестираат.

Ал-Садр во јуни годинава ги повлече своите пратеници од парламентот, откако не успеа да ја формира владата како што посакуваше со своето победничко но недоволно мнозинство.

Во јуни годинава ал-Садр ги повлече своите пратеници од парламентот, откако не успеа да формира влада по сопствен избор. Политичкиот ќорсокак меѓу него и шиитските политички ривали, кои ја јмаат поддршката на Иран, доведе до најдолгиот период без влада во Ирак.

Приврзаниците на ал-Садр од крајот на јули го окупираат парламентот и протестираат близу и во добро обезбедуваната ткн „зелена зона“ во ирачката престолнина Багдад, каде што се сместени странските дипломатски мисии и владините згради, и така ги блокираа процесот на избор на нов претседател и премиер.

Се стравува дека објавата на ал-Садр ќе ги поттикне неговите приврзаници на ескалација на протестите, со што може да започне нова етапа на нестабилност во Ирак.

Партијата на влијателниот шиитскиот свештеник Моктада ал-Садр освои најголем број мандати на ирачките парламентарни избори есента минатата 2021 година, додека партијата на поранешниот ирачки премиер Нури ал-Малики ќе биде втора по големина шиитска партија.

Партиит на мнозинската во Ирак шиитска заедница доминираат во ирачките влади од американската инвазија во 2003 година, кога со американсата инвазија беше соборен диктаторот сунитот Садам Хусеин, во чии влади имаше повеќе сунити.

По изборите со рекордно ниска излезност ал-Садр освои повеќе од 70 мандати, со што има значително влијание во формирањето на влада. Неговата коалиција на минатите избори имаше 54 пратенички места. Ал-Садр, кој има тесна соработка со шиитските религиозни челници во соседен Иран, е против странското мешање во Ирак.