Приврзаниците на Трамп протестираат ширум САД со мотото „Стоп за кражбата“ на гласовите

Приврзаниците на републиакнскиот американски претседател Доналд Трамп се собираат во саботата во многу градови низ земјата, цврство убедени дека претседателските избори се украдени.

Стотици луѓе веќе се излезени во Лансинг, главниот град на сојузната држава Мичиген, клучна меѓу таканаречените „колебливи“ држави, каде што според резултаите победил демократскиот кандидат Џо Бајден по пресвртот откако почетно водство имаше Доналд Трамп.

Приврзаниците на Трамп се собираат и во Атланта во Џорџија и на повеќе места во Аризона со извиците „Стоп на кражбата на гласовите“, и покрај тоа што тужбите на штабот на републиканецот и барањата за пребројување на гласовите, особено на оние пристигнати по пошта по 3-ти ноември, беа одбиени.

Несвојствено за САД, што се објаснува со големиот број гласови по пошта. Протестите во сабота медиумите ги минимизираат, и наведуваат дека се побројни оние на приврзаниците на Бајден кои слават во повеќе градови.

Бајден во саботата прогласи победа по извештаите во медиумите дека ги освоил неопходните 270 електорски градови, иако официјаните тела засега не се изјаснија. Светските челници веќе му честитаа на Бајден, иако Трамп и натаму не го признава поразот и најавува правна битка поради, според него, манипулациите со гласовите.