
Помина рокот којшто Владата на Украина им го даде на про-руските сепаратисти за нивно повлекување од истониот дел на земјата, но засега ситуацијата е статус кво.
Украинскиот привремен претседател Олександер Турчинов се закани дека ќе биде преземена голема анти-терористичка операција, во која ќе биде вклучена и армијата, доколку до денеска во 8 часот не бидат исполнети барањата што ги постави владата во Киев.
На полициската станица во Совјанск се’ уште се вее руско знаме, а во Луханск про-руските сепаратисти ја имаат контролата.