Проблеми во функционирањето на социјалните мрежи Facebook и Instagram, како и сервисот за пораки WhatsApp се забележани во неделата во неколку земји во светот, вклучително и Македонија, покажуваат податоците на страницата на сервисот Downdetector, кој ја следи работата на популарните интернет ресурси.
„Проблемите во работата на Facebook се забележани од 6,28 часот по времето на Источниот брег на САД (12,28 часот по македонско време), се наведува во соопштението. Корисниците се жалеле на проблеми со вестите – 63 отсто, со најавите во системот – 19 отсто и целосно исклучување на мрежата – 17 отсто.
Корисниците на Instagram се соочуват со истите проблеми како и на Facebook, а проблемите се регистрирани пет минути по нарушувањето во работата на најголемата социјална мрежа на светот.
Половина час подоцна, во 12,58 часот биле пријавени проблеми и со сервисот WhatsApp. Корисниците укажувале дека има проблеми со испраќање и примање пораки – 45 отсто, со поврзувањето со сервисто – 40 отсто и со најавата во системот – 14 отсто.
Најмногу на проблемите се жалеле корисници од Велика Британија, Франција, Италија, Грција, Чешка и Сингапур, а проблеми има и во Македонија.