Процесот „16+1“ нуди одлични перслективи за односите Кина – Македонија

кина

Ова го истакна заменик генералниот директор на кинескиот Институт за европски студии, Ченг Вејдонг,  CASS од НР Кина кој денеска во МНР одржа предавање на тема: „Односите и напредокот од Процесот за соработка 16+1- еден појас еден пат со Република Македонија“. Според него, новиот концепт на меѓународни односи е всушност возобновување на стариот концепт на мирна коегзистенција и е комбинација на историја и иновација.

Од гледна точка на историјата, новиот вид меѓународни односи не ги негира сите принципи на меѓународниот поредок. Нашата земја исто така се потпира на меѓународниот поредок и ги поддржува меѓународните институции… Градењето нов вид концепт на меѓународни односи значи соработка и не ја заменува соработката со други срдедства туку има за цел да се трасира нов меѓународен поредок… Новиот вид меѓународни односи има за цел конфронтацијата да ја замени со соработка и ексклузивно да се потпира на соработката и на начелото сите се победници. Само ваков вид соработка може да донесе резултати кои се корисни за сите и со кои сите се победници, односно одржлива соработка и корист за сите змеји, рече Вејдонг.

Осврнувајќи се на односите на Кина со Македонија, тој истака дека во изминатите 15 години тие се одвиваат добро и стабилно напредуваат, а најмногу се манифестираат на економски план. Според статистиките, трговската размена во 2016 година достигнала 469 милиони долари, а Кина е третиот најголем трговски партнер надвор од Европа. Постои голем потенцијал за идна соработка и развој на билатералните врски, а во тој контекст Процесот 16+1 има клучна улога и особено проектите договорени во економската сфера.

Со овој процес се проширија видовите на соработка и се стави акцент на економската соработка. Со оваа иницијатива се прошири опсегот на шаблоните на соработка меѓу 16 земји. Македонија е можне важен и интегрален дел од рамката 16+1 и градењето на Балканскиот пат, експресната линија со која имаме нови можности за соработка не само меѓу Македонија и Кина туку и меѓу сите земји од оваа експресна рута, која ќе минува и низ Србија и Унгарија, рече Вендонг.

Директорот на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи, Абдул Кадар Мемеди истакна дека проектот „16+1“ е успешен бидејќи се темели на принципите „победници на двете страни“, резултира со конкретни инфраструктурни проекти и не ги доведува во прашање нашите стратешки интереси за евроатлантско интегрирање.

На предавањето на кое присуствуваа претставници на други државни институции, МАНУ, универзитети, како и претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи и Институтот CASS од НР Кина.

Кинескиот Институт за европски студии е дел од Академијата за општествени науки која е најголемата академска институција и е највлијателна тинк-тенк платформа во Кина и брои 39 институти на кои се ангажирани 3.300 истражувачи.