Компаниите со продажбата на дигиталните валути во првите пет месеци од годинава собрале речиси 14 милијари американски долари, речиси двојно повеќе отколку во текот на целата мината година, покажува извештајот на агенцијата Strategy& на компанијата PwC и швајцарската Crypto Valley Association.
Во периодот од јануари до мај 2018 година, компаниите организирале 537 почетни поднуди на дигиталните валути (ICO), прибирајќи вкупно 13,7 милијарди долари, во однос на седум милијарди долари вкупно собрани во текот на целата мината 2017 година.
Меѓу понудите се издвојува онаа на Telegram, произведувач на апликации за пренос на пораки во сопственост на претприемачите по потекло од Русија, Павел и Николај Дуров, кој на затворената почетна понуда на дигителаните валути привлекот 1,4 милијарди долар. Block.one, инфраструктурниот проект за децентрализираните валути, собрал со понудата на дигиталната валута EOS повеќе од 4 милијарди долари. Неговата понуда започна кон средината наминатата година и траше една година, потсетува Reuters.
Извештајот, исто така, покажува дека од вкупно 3.470 почетни понуди на дигиталните валути најавени од 2013 година, само 30 отсто од нив биле успешно заклучени. Многу се одложени или постепено се згаснувани поради слабиот интерес на инвеститорите.
САД во првите пет годинешни месеци со регистрираните 56 продажби ја задржаа позицијата на водечка дестинација за почетните понуди на дигиталните валути благодарејќи на „јасните и цврсти регулаторни барања“, утврдиле авторите на извештајот.
Во Европа водечка е Швајцарија, но сé повеќе е популарна Велика Британија коајшто оваа година забележала поголем број почетни понуди на дигиталните валути – вкупно 48, и поголем износ на собран капитал – 507 милиони долари.
Иновативните технолошки компании ширум светот набавуваат пари со директна продажба на криптовалутите на вложувачите преку почетна понуда, заобиколувајќи ги банките и инвестициските компании коишто обично ја имаат улогата на посредник во таквите трансакции.
Дигиталните валути се засноваат на технологијата блокчејн, дигиталната книга на трансакции којашто ја гарантира нивната сигурна реализација и книжењето, потсетува Reuters.