Владата, на предлог на Министерството за внатрешни работи (МВР), на денешната седница донесе уредби со законска сила за продолжување на патните исправи и на возачките дозволи на македонските државјани за време на вонредна состојба, наведено е во владиното соопштение.
Таму е посочено дека рокот на овие лични исправи се продолжува до 31 јули 2020 година.