Рокот за поднесување барања за директни плаќања за мерките по површина земјоделско земјиште и мерките по грло добиток е продолжен до 30 јуни 2015 година.
Како што информира денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, барањата за земјоделско земјиште се пополнуваат по електронски пат со податоци од Единствениот регистар на земјоделски стопанства со состојба на 31 мај 2015 година.
Барањата за мерките по грло добиток се пополнуваат по електронски пат со податоци од Регистарот на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.
Барањата за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во период од јануари до април 2015 година се поднесуваат до 15 јуни 2015 година.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.