Продолжува објаснувачкиот скрининг за усогласување на македонското законодавство со ЕУ законодавство

Со отпочнувањето на објаснувачкиот скрининг за усогласеноста на македонското законодавство со европското се означи првата фаза од преговорите за членство на земјава во Европската унија.

На денешниот состанок пред европските и македонските преговарачи е регулативата која ја покрива областа Статистика.

Вчера први на дневен ред за проверка беа националните регулативи кои ги уредуваат јавните набавки. И поглавјето и јавни набавки и статистика се дел од првиот Кластер кој се отвора во преговорите за пристапување познат уште и како Темелни вредности.

Во наредниот период Европската комисија треба да направи проверка колку од европските регулативи донесени од 2018 година, кога Македонија направи подготвителен објаснувачки скрининг, до денес се преточени во македонското законодавство.